
Оние што растеле во осумдесеттите и деведесетите години не може да не ја играле видео играта Супер Марио брос.
Играта во која малиот водоинсталетер се бори со змејови и ја спасува принцезата многумина оставила без спиење.

Но дали знаевте дека Супер Марио навистина постоел. Неговото име е Марио Сегале и не е водоинсталатер туку изнајмувач на станови. Па така, тој им имзнајмил стан на креаторите на „Нинтендо“ кои му задоцниле со кирија.

Сепак, добриот Марио, кој носел капче и имал мустаќи, им простил и ги причекал со плаќањето, па тие во негова чест, главниот лик на играта што постигна планетарен успех го нарекле Марио.

Македонски


