
Филм кој не е создаден според класичниот модел на автор, сценарио и екипа, туку низ месеци разговори, работилници и колективно истражување, „Земјиште“ отвора прашања за наследството, семејството, припадноста и невидливите правила што ги пренесуваме од една генерација на друга. Во центарот се пет жени кои постојано се враќаат на едно наследено и исцрпено парче земја, повторувајќи ритуал кој одамна ја изгубил својата првична смисла. Кога една од нив ќе реши да го продаде својот дел, нарушен е не само односот кон земјата туку и темелот на нивното заедништво.
„Земјиште“, во режија на Ивана Мирчевска, по сценарио на Калија Киселичка и со продукција на Дино Чупевски, премиерно ќе биде прикажан на 26 август во Прилеп и на 27 август во Битола, а скопската премиера е закажана за 25 септември во КСП „Јадро“. По проекциите ќе следуваат разговори со колективот што стои зад филмот.
Тимот на филмот го сочинуваат актерите: Јасна Весиќ, Татјана Јовановска, Христина Србиноска, Софија Кутлешовска, Ана Тамбура. Асистенти на сет: Андреа Гроздановска, Михаил Спасевски. Режија и монтажа: Ивана Мирчевска. Сценарио: Калија Киселички. Камера: Исток Чаповски. Aнимација: Ивана Мирчевска. Дизајнер на звук: Марко Рикалоски. Продуцент: Дино Чупевски. Продукција: Атриум. Филмот е работен со финасиска поддршка на Хартефакт Скопје и Министерството за култура и туризам на Македонија,

Македонски


