
Бракот бара компромиси, трпение и подготвеност за прилагодување, но според астролозите, некои хороскопски знаци потешко се вклопуваат во рамките на долготрајните врски. Меѓу нив посебно ги издвојуваат Близнаците и Стрелците, кои наводно најмногу ја ценат слободата, промените и личниот простор.
Близнаци – љубопитни и секогаш во потрага по нешто ново
Близнаците се познати како друштвени, комуникативни и љубопитни личности кои сакаат нови искуства. Токму поради тоа, според астролозите, тешко поднесуваат монотонија и рутина што може да се појави во долгите врски.
Тоа не значи дека не сакаат љубов или дека не можат да бидат верни партнери, туку дека им е потребна личност која ќе ги инспирира, ќе ги изненадува и ќе ги поттикнува интелектуално. Доколку врската стане премногу предвидлива, можат да почувствуваат дека ја губат својата слобода.
Стрелец – љубовта ја сака, но слободата му е неопходна
Стрелците обожаваат патувања, авантури и спонтаност. Според астролозите, идејата некој да ги контролира или ограничува може да им создаде силен отпор кон сериозните обврски.
Во брак влегуваат дури кога ќе бидат целосно сигурни дека пронашле партнер кој ја разбира нивната потреба за независност. Ако почувствуваат дека мораат да се откажат од своите соништа или навики, незадоволството може брзо да се наталожи. Но, со партнер кој ги поддржува и не се обидува да ги промени, можат да бидат исклучително лојални и дарежливи.
Иако астролозите ги издвојуваат овие два знака како оние што најтешко ја прифаќаат брачната рутина, хороскопскиот знак не е гаранција за успех или неуспех на една врска. Довербата, комуникацијата и меѓусебното почитување остануваат најважните фактори за стабилен однос.

Македонски


