Skip to main content

Новинарот Такер Карлсон ќе формира партија

Американскиот новинар и политички коментатор Такер Карлсон најави дека ќе помогне во создавањето на нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, откако неговите ставови за американската вмешаност во војната со Иран го оддалечија од претседателот Доналд Трамп и Републиканската партија.

„Ќе помогнам во изградбата на трета партија. Потребен е сериозен обид за да се утврди што е навистина во интерес на земјата“, изјави Карлсон за американските медиуми.

Поранешниот водител на „Фокс њуз“ оцени дека меѓу демократите и републиканците практично нема суштинска разлика во однос на две, како што ги нарече, клучни прашања – војната и финансирањето.

Карлсон: „Тоа е еднопартиски систем маскиран како демократија“

Карлсон смета дека американскиот политички систем има потреба од сериозна промена и отворено се заложи за создавање трета политичка опција.

„Тоа не е демократија. Тоа е еднопартиски систем маскиран како демократија и мора да се скрши. Ќе има трета партија, а јас ќе направам сè за да се случи тоа“, рече тој.

Тој ја обвини администрацијата на американскиот претседател дека ги „предала Соединетите Американски Држави“ со вклучувањето во конфликтот со Иран, тврдејќи дека тоа се случило под притисок на Израел.

„Како може кој било американски гласач да поддржи партија која ги става интересите на странска земја пред интересите на сопствените граѓани? Невозможно е да се гласа за такви луѓе“, изјави Карлсон.

„Америка на прво место“ како основа на новата политичка опција

Според Карлсон, евентуалната нова политичка сила треба да биде насочена исклучиво кон домашните интереси и подобрување на животниот стандард на американските граѓани.

„Ако заработувате 60.000 долари годишно, вашиот животен стандард се намалува, вашиот животен век се намалува, а иднината на вашите деца изгледа сè помрачна. Никој не се грижи. Наместо тоа, постојано го слушаме прашањето: ‘Што е со Хамас?’ Официјално, не ми е гајле за Хамас. Првиот приоритет на американската влада мора да биде благосостојбата на сопствениот народ“, рече тој.

Иако најавува дека сака да учествува во создавањето на нова по

Поврзани вести