Skip to main content

Три деца и жена повредени во судар на пет возила на патот Гостивар – Кичево, уште не се вози нормално

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета.

Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“.

По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на пружање медицинска помош, рече Реџепи.

Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и се создадоа долги колони во двата правци. Во тек е увид а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.

Поврзани вести