
На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за оваа мера е високиот ризик од избувнување шумски пожари.
Забраната ќе биде на сила секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Оваа одлука се однесува на критичните зони лоцирани во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е прогласен во категорија 3.
Полицијата и надлежните служби имаат налог веднаш да ги отстрануваат сите возила и лица што ќе бидат пронајдени во забранетите зони. За секое непочитување на оваа мерка, предвидена е глоба од 300 евра.
Ситуацијата со пожарите е критична и во други делови од земјата. Покрај Халкидики, во Атика и уште шест други грчки области е прогласен црвен аларм поради екстремен ризик од пожари.
Налетување на екстремни временски услови дополнително го зголемуваат ризикот. Температурите достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Во комбинација со силен ветер и долготрајна суша, се создаваат идеални услови за брзо ширење на огнените стихии.
Локалните власти и Службата за цивилна заштита упатија апел до сите жители и туристи строго да ги почитуваат упатствата. Тие повикуваат да не се влегува во ризичните шумски подрачја додека трае високата мобилизација на надлежните органи.

Македонски


