Skip to main content

Уапсен маж кој учествувал во судир, а немал возачка дозвола

Вчера во 11:35 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го
лишија од слобода Р.Р.(36) од с. Бозовце.

Околу 08:35 часот на влезот во с.Шипковица, тетовско, тој со возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода, а при преземање мерки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести