
Според бројките објавени во најновиот извештај за маркетинг на ураниум на американската Администрација за енергетски информации (ЕИА), американските оператори на реактори купиле приближно 3,28 милиони сепаративни работни единици (SWU), од Русија во 2025 година. Ова претставува речиси 26% од вкупните набавки, во споредба со 17% десет години претходно.
„Блумберг“ тврди дека ранливоста на САД кон Русија во овој сектор станува сè позначајна бидејќи Вашингтон промовира оживување на нуклеарната енергија, првенствено поттикнато од зголемената побарувачка за електрична енергија од центрите за податоци со вештачка интелигенција.

Според извештајот на EИA, странските добавувачи обезбедиле 77% од услугите за збогатување на ураниум купени од американските оператори во 2025 година, при што Русија останува најголемиот индивидуален извор.
Закон на САД усвоен во 2024 година забранува увоз на руски ураниум, но му дозволува на Министерството за енергетика да дава исклучоци кога алтернативните резерви не се достапни или кога увозот се смета за национален интерес.

Македонски


