
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се обиде преку објава на Фејсбук да го критикува видеото што премиерот Христијан Мицкоски го објави по повод 35 години од независноста на Македонија. Наместо поддршка, неговиот статус предизвика бројни негативни реакции и критики од граѓаните во коментарите.

Филипче во објавата оцени дека видеото, наместо промоција на актуелната власт, ги претставува достигнувањата на СДСМ, наведувајќи дека во него се прикажани првиот претседател Киро Глигоров и најголемите успеси на државата. Според него, недостасуваат членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, кои ги припиша на владите предводени од СДСМ.
„Мицкоски сакаше да се пофали. А всушност покажа кој навистина ја градел државата“, напиша Филипче.
Но, под неговата објава следуваа десетици критички коментари. Дел од корисниците му порачаа дека не ја разбрал пораката на видеото, оценувајќи дека станува збор за спот посветен на државата, а не на политичките партии.
„Жал ми е што не ја сфаќате поентата на спотов, не знам кој ви е админ, ама воопшто не го бива“, гласи еден од коментарите.
Други коментатори беа уште поостри, потсетувајќи на, како што наведуваат, неуспесите, корупциските скандали и политиките на СДСМ во изминатите години, при што оценија дека граѓаните не ја заборавиле работата на поранешната власт.

Објавата на Филипче за кратко време стана повод за жестока дебата на социјалните мрежи, при што најголем дел од реакциите беа критички кон лидерот на опозициската партија.

Македонски


