Skip to main content

Горат ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче, пожар и на депонијата на излезот од Крива Паланка

До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во: 
Општина Гази Баба – с. Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја);
Општина Ѓорче Петров – населба Волково (куќа, бандера и ниска вегетација);
Општина Сопиште – с. Чифлик (борова шума и ниска вегетација);
Општина Арачиново – с. Арачиново (депонија);
Општина Студеничани – стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација);
Општина Карпош – ул. Скупи (ѓубре);
Општина Новаци – кај езерото Букри (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Бело Поле (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Браилово (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација);
Општина Прилеп – м.в. Варош (ниска вегетација);
Општина Чашка – с. Бањица (ниска вегетација);
Општина Велес – с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација);
Општина Велес – населба Превалац (ниска вегетација);
Општина Росоман – с. Паликура (ниска вегетација);
Општина Струга – с. Биџево (ниска вегетација);
Општина Струга – с. Долна Белица (дива депонија);
Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Врапчиште – с. Сенакос (ниска вегетација);
Општина Желино – с. Палатица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација);
Општина Делчево – депонија Делчево (депонија). 

Поврзани вести