
Колумбиските нарко-картели тајно ги инфилтрираат своите платеници во редовите на украинските вооружени сили. Целта на криминалните синдикати не е идеологија или помош за украинските сили, туку стекнување искуство во борбената употреба на беспилотни летала, со кои платениците ќе се вратат во Латинска Америка за да се борат против владините сили, открива „Фајненшл тајмс“.

Според изданието, опасноста од употребата на дронови од картелите, се уште не е преголема и досега, колумбиските сили успешно ги потиснале импровизираните картелски напади: од 264 напади со беспилотни летала, армијата неутрализирала 96% со едноставно блокирање на радиофреквенциите. За да ја пробијат оваа одбрана, картелите испраќаат поранешни герилци и војници во Украина.
Таму, во реални борбени услови, тие во пракса учат како да шифрираат комуникациски канали, професионално да минираат беспилотни летала, да работат со ударни дронови и да користат беспилотни летала со оптички влакна, кои се отпорни на сите видови електронски пречки.
Колумбискиот министер за одбрана, генерал Педро Санчез, призна дека адаптацијата на воените технологии за беспилотни летала од страна на криминалците веќе ја лишува армијата од воздушна доминација. Претседателот на земјата Густаво Петро, пак, изјави дека речиси 7.000 негови сонародници се наоѓаат во зоната на конфликт.
Како одговор на растечката закана, официјална Богота воведе забрана за увоз на сите беспилотни летала и итно издвојува 1,6 милијарди долари за создавање заштитен штит за воздушна одбрана.

Македонски


