Skip to main content

Руски напад го оштети еден од најголемите стадиони во Украина, има повредени

Еден од најголемите фудбалски стадиони во Украина, „Чорноморец“ во Одеса, беше оштетен во руски напад, при што има и повредени лица. Нападот се случил вчера попладне, околу 15 часот по локално време. Според украинските власти, во нападот е оштетен стадионот кој има капацитет од повеќе од 34.000 гледачи и се наоѓа во центарот на Одеса, во паркот „Шевченко“. Оштетени се покривот, прозорците и трибините, а при експлозијата била оштетена и дел од носечката конструкција на објектот. Во близина на стадионот избувнал и помал пожар на сувата трева, кој брзо бил изгаснат.

Гувернерот на Одеската област, Олех Кипер, потврди дека во нападот била повредена 29-годишна жена, која добила медицинска помош. Други извештаи наведуваат дека вкупно биле повредени две лица, најверојатно вработени на стадионот.

Нападот се случи само еден ден пред планираниот натпревар меѓу „Чорноморец“ и „Колос“, кој требаше да се одигра на стадионот на 8 август. Поради оштетувањата, натпреварот е одложен.

„Чорноморец“ е еден од најпознатите украински стадиони и домашен терен на фудбалскиот клуб од Одеса. Објектот редовно се користи за натпревари од украинската Премиер лига, а на него настапувала и украинската репрезентација.

Поврзани вести