Skip to main content

Со владиниот авион ќе се носи дома младо момче од Македонија кое скршило врат на тобоган во Бодрум

Младо момче од Македонија ќе биде транспортирано утре од Турција во Македонија со владиниот авион, откако при пад од тобоган на летување во Бодрум, се здобило со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен.

Како што информираат од Службата за општи и заеднички работи, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.

Момчето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.

Поврзани вести