Skip to main content
Ловен Дом Берово: вкус, авантура, мир и прослави среде недопрената малешевска природа

Малешевијата ве чека. Сета, на едно место

Има места каде се јаде добро. Има места каде се спие мирно. И има едно место каде го имате сето тоа и уште многу повеќе.

Ловен Дом Берово прераснува во целосна дестинација на Малешевијата. Удобни соби опкружени со шума и тишина. Традиционална кујна со домашни колбаси и специјалитети подготвени како некогаш. Тури со коњи низ планината, адреналински авантури за храбрите и мирни прошетки за оние што бараат одмор. Животни и доживувања за најмалите, тим билдинг за колегите, а за најубавите денови – свадби, семејни прослави и настани од секаков вид.

Свеж планински воздух, вистински вкусови и домаќинска топлина што се памети. Не доаѓате само на ручек или преноќување, доаѓате да ја доживеете Малешевијата.

„Ловен Дом Берово. Дишете длабоко.“