
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат заеднички договор за одбрана, откако земјите од Персискиот Залив се соочија со напади од Иран, соопштија регионални извори,
Иако овој договор дополнително го зајакнува блокот на големите сунитски муслимански сили, не е познато какви специфични обврски очекува секоја земја, објавуваат британските медиуми.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ќе се сретнат во Џеда, Саудиска Арабија, со престолонаследникот Мохамед бин Салман за да го потпишат договорот.
Договорот е постигнат по речиси една година преговори, во време кога конфликтот во кој е вклучен Иран ги открива безбедносните ранливости на земјите од Персискиот Залив и го нарушува транспортот на нафта и други клучни стоки преку Ормуската Теснина.
Шефот на руската дипломатија, Хакан Фидан, во јануари изјави дека Анкара е посветена на поширока регионална безбедносна платформа за промовирање на соработката и стабилноста.
Постоечкиот саудиско-пакистански договор го третира нападот врз една од двете земји како напад врз обете и ги вклучува „сите воени средства“, изјави претходно саудиски функционер. (МИА)

Македонски


