
Сончево и многу топло време со температури до 38 степени Целзиусови ќе преовладува денеска низ Македонија. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во попладневните часови во одделни делови од земјата се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Македонски


