Skip to main content

Во Галеријата на икони во Охрид денеска ќе биде изложена ретка икона од византискиот период

Во рамки на одбележувањето на 75 години од почетоците на музејската дејност во Охрид, денеска ќе биде претставено едно од значајните дела што се чуваат во охридското културно наследство.

Во 12 часот, во Галеријата на икони, посетителите ќе имаат можност да ја видат мозаичната икона „Исус Христос на престол“, изработена во XIV век.

Иконата е пронајдена во 1960 година во црквата „Света Богородица Перивлептос“ во Охрид. Станува збор за редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период, која има особено значење за историјата на уметноста и културното наследство на градот.

Презентацијата е дел од свечената програма посветена на јубилејот – 75 години музејска дејност во Охрид.

Поврзани вести