Skip to main content

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни

Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.

Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати.

– Активни се пожарите во општина Македонски Брод – село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица – помеѓу селата Ново и Старо Коњарево, гори стрниште – соопштија од Центарот.

Оттаму наведоа дека пожари под контрола има во неколку општини. Станува збор за опожарени депонија во Делчево, ниска вегетација и нискостеблеста шума во село Падалишта во Гостивар, дива депонија во село Долна Белица во Струга, ниска вегетација и стрниште во село Блато, во атарот на село Врбјани, општина Кривогаштани.

Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Неготино, Сарај, Штип, Чешиново-Облешево и два во Гази Баба.

Поврзани вести