Skip to main content

Уапсен 60-годишник што пукал на свадба, еден од куршумите завршил во покрив

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на
сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско.

По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар
9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти денеска СВР Тетово.

Поврзани вести