Skip to main content

Проверете си ги сметките: Почна исплатата на парите за социјална, детска и цивилна заштита за јули

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти министерството за социјална политика, демографија и млади.

Поврзани вести