
Екипата на тетовска Шкендија единствениот македонски претставник во третото квалификациско коло од Конференциската лига го игра првиот натпревар со шкотскиот тим Хибернијан. Во редовите на шкотската екипа се подготвени за нов предизвик и знаат за важноста на натпреварите во еврокуповите.
– Европскиот фудбал е најголемата сцена на која можете да играте во клупскиот фудбал и секој сонува како дете да игра во овие натпреварувања, а утре е следниот чекор до местото каде што сакаме да бидеме. Мислам дека нема лесни натпревари во Европа и не е важно против кого играте. Ако имате лош ден, го губите натпреварот, толку е едноставно, изјави 20-годишниот Овен Елдинг, стрелец на првиот од четирите голови за Хибернијан на дуелот во претходната рунда со Малишева од Косово.
Во неделата на домашен терен Хибернијан загуби од Мотервил со 2:1.
Натпреварот Хибернијан – Шкендија се игра во Единбург со почеток во 21 часот по македонско време.

Македонски


