Ветено – сторено! Речиси неполна недела по промоцијата на нумерата „Те љубам“, момците од Браво бенд во етерот ја пуштија и српската верзија насловена „Да љубим“.
Авторскиот тим на двете верзии е комплетно ист, односно Весна Малинова, е автор и на музиката и текстот, додека аранжманот на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ. Видеото, пак, е работено со веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, додека кадрите се снимени на локации во Битола и на Пелистер.
Инаку, „Да љубим“ е веќе трета песна снимена за пазарот во соседството и доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.
Приказната на Браво бенд не завршува тука, веќе се работи на новите музички проекти, кои ќе следуваат во периодот пред нас.