
До крајот на годината ни останаа уште неколку неработни денови, од кои повеќето се паѓаат во петок или понеделник, со што добиваме продолжени викенди.
По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За сите граѓани на Република Македонија, неработни ќе бидат 8 септември (вторник) – Денот на независноста, 12 октомври (понеделник) – Денот на народното востание, со оглед дека 11 октомври паѓа во недела, со што се добива продолжен викенд, како и 23 октомври (петок) – Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така носи продолжен викенд. Неработен ден ќе биде и 8 декември (вторник) – празникот Св. Климент Охридски.
Православните верници, покрај државните празници, ќе имаат уште еден неработен ден – 28 август (петок), кога се празнува Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), што исто така ќе овозможи продолжен викенд.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови ќе бидат 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци и 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ.

Македонски


