
Магистралниот пат Прилеп–Битола во моментов е целосно блокиран за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа.
До редакцијата на Ohrid1 пристигнуваат видеа и фотографии од наши читатели кои се наоѓаат на местото на настанот. Според информациите што ги добиваме од терен, на патниот правец има застој во сообраќајот, додека надлежните служби интервенираат.
Засега нема официјални информации од институциите за тоа дали во несреќата има повредени или загинати. Надлежните сè уште немаат издадено официјално соопштение за околностите и последиците од сообраќајната несреќа.
Информацијата е базирана на видеа, фотографии и сведоштва што ги испратија наши читатели од лице место. Очекуваме повеќе детали по завршувањето на увидот и по официјалното соопштение од надлежните институции.

Македонски


