На роденденот на Тоше Проески, 25 јануари ќе се одржи концертот посветен на музичката ѕвезда во Спомен- куќата „Тодор Проески“ во Крушево со почеток во 12 часот. Гости се два хора од Бугарија Концертот е насловен „Ангел си ти“, по песната која Тоше ја испеа на Евровизија во Истанбул во 2004 година.
Под диригентската палка на Аделина Колева, хитови од Тоше ќе пее вокалната формација „Оренда“, составена од 30 пејачи на возраст над 25 години и вокалниот состав „Графити“ со шестмина млади пејачи, добитници на награди на национални и меѓународни натпревари, како и младите пејачки Нела Манческа и Дорис Димовска, која учи пеење кај Ана Дурловски и Андријана Јаневска, и прилепската група „Локдаун“, која на своите настапи често свири песни од Тоше.