Skip to main content
БАРАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ да побара оставка од градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

 За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар

Поврзани вести