
Двајца државјани на Сирија, 22-годишен и 29-годишeн, се осомничени дека запалиле врата од соба во Прифатниот центар за баратели на меѓународна заштита во Нови Загреб, бидејќи биле незадоволни од сместувањето.
Како што објави ПУ Загреб, станува збор за баратели на меѓународна заштита во Хрватска, а инцидентот се случил во петокот.
Полицијата се сомнева дека осомничените ја запалиле вратата од собата со употреба на отворен пламен, на засега неутврден начин, со што предизвикале опасност по животите на другите баратели на меѓународна заштита и вработените во прифатилиштето, како и по самиот објект и имотот.
По завршувањето на кривичната истрага, двајцата осомничени биле предадени на надзорникот на притворот, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средства.

Македонски


