
Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, во просториите на Општината оствари средба со Давор Пушов, кој потекнува од Зрновци, а сега живее и работи во Австрија, и се бави со извонредно тежок спорт.
Доаѓањето на Давор во Зрновци, градоначалникот Митев го искористи да му врачи спортска Пофалница за освоеното второ место на меѓународниот Strongman натпреварување „DASGYM – AUSTRIAN SUMMER GIANT 2026“ — најголемиот и најпрестижен национален Strongman натпревар во Австрија, кој годинава се одржа на 11 јули на познатиот Riesenradplatz во Wiener Prater, Виена.

На овој натпревар Пушов си ја одмери силата со најдобрите во неколку екстремно тешки дисциплини (Arm over Arm, Overhead Medley, Giantlift, Sandbag to Shoulder, Sandbag Toss, Atlas Stones) и го освои одличното второ место.
-Посветеноста, трудот и дисциплината кои ги вложува Давор се пример за младите генерации и доказ дека со вистинска желба и работа се достигнува самиот врв.
Му честитаме од срце за успехот и му посакуваме уште многу нови победи и медали во иднина, рече Митев на оваа мала свеченост

Македонски


