Skip to main content

Пијана тепачка на Србинки во Охрид

архива

Вчера во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир.

Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски државјанки се случила физичка пресметка по што, Н.Ш. физички ја нападнал Н.Б.. По извршено алкотестирање, кај двете констатирани се 2,21 односно 2,18 додека кај Н.Ш., биле регистрирани 1,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.