
Европската фудбалска федерација УЕФА ги објави термините за одигрувањето на дуелите од третото квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Првиот дуел се игра на стадионот на шкотскиот тим во Единбург на 6.август со почеток во 21 часот.
Реванш дуелот е закажан за 13.август во Скопје на Националната Арена Тодор Проески со почеток во 20 часот.
Инаку, на 3.август (понеделник) ќе бидат извлечени и двојките за плеј-оф дуелите, а ќе играат победниците од дуелите во третата квалификациска рунда. Победниците од плеј-оф дуелите ќе обезбедат пласман во групната фаза

Македонски


