
Во Македонија заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, информира Министерството за здравство.
Според официјалните податоци, на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, а тројца од нив се во критична здравствена состојба.
Поради актуелната епидемиолошка состојба и по направената стручна проценка на ризикот, Министерството за здравство го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци.
Вонредниот третман бил реализиран во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка со цел да се намали ризикот од ширење на инфекцијата.
Од Министерството нагласуваат дека здравствените институции остануваат во постојана координација и внимателно ја следат состојбата. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи ќе продолжат навремено да ја информираат јавноста за сите нови сознанија и за мерките што се преземаат за заштита на населението.

Македонски


