
Кратки документарни филмови31 Јули 2026
ПАТОТ НА ЛОКУМОТ
The Road of Turkish Delight
Елизабета Конеска, Роберт Јанкулоски / Македонија / 2018 / 37 мин
Компаративно согледување на историскиот пат на локумот – деликатесното слатко и неговата современа состојба и примена во контекст на глобалниот развој. Главниот акцент е даден на локумот во Македонија, каде што овој продукт претставува значаен сегмент од културното наследство, како и на мајсторите како клучни двигатели на овој вид културни навики и одржувачи на традицијата. Покрај Македонија, документарецот е сниман и во соседните земји.
ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, СЕЌАВАЊА
WW1 Remembering
Роберт Јанкулоски / Digital / 2020 / 33 мин
“Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Проекции
Петок, 31 јули20:30

Македонски


