Skip to main content

Николоски до Османи: Во ваше време само провизии, направивте тендер за тунел до пола, ние ги исправаме вашите грешки

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалната мрежа „X“ му одговори на Бујар Османи откако потпретседателот на ДУИ обвини дека Владата не успеала да склучи договор за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8, односно пругата кон Бугарија.

Николоски го демантира Османи посочувајќи дека во 2024 година како Влада, наследиле тендер за пруга што завршувал во слеп тунел до пола.

Дополнително, средствата од ИПА да се искористат до ноември 2024, а Владата се формира крај на јуни со тендер за градба што беше невозможна – ТУНЕЛ ДО ПОЛА!!! Да, таков тендер распиша Владата на СДСМ и ДУИ. Го прекинавме и влеговме во сериозни разговори со ЕУ и Бугарија. И се договоривме. Ќе градиме ЦЕЛОСЕН ТУНЕЛ СО ГРАНТ ОД ЕУ!!! Еве денес имаше прв состанок на мешовитата група меѓу Македонија и Бугарија. И се праќа заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБРД за финансирање. Дополнително, за трета фаза на Коридор VIII имаме 149 мил. € грант. Значи уште еден проект заглавен од СДСМ и ДУИ ние исправуваме и го ставаме на вистински рамки. Така се работи. Без криминал, со посветеност. Додека Бујар создаваше проблеми како министер за надворешни, ние сега ги решаваме. Железница ќе има, исто како и автопати. Во ваше време само провизии, наведува Николоски во одговорот до Османи.

Поврзани вести