Skip to main content

Oва е најголемиот теренец, го произведе „Ауди“

 Германскиот автопроизводител „Ауди“ го претстави новиот „Ку-9“ (Q9) – првиот луксузен СУВ-теренец од целосна големина во својата историја. Новиот модел се одликува со пространа кабина, врвна технологија и напредни системи за помош при возење, а првите испораки се очекуваат во четвртото тримесечје од 2026 година.

Со должина од 5,31 метри, „Ку-9“ е најголемиот автомобил „Ауди“ произведен досега. Стандардно располага со седум седишта, а како опција се нуди распоред со шест седишта и две индивидуални електрично прилагодливи седишта во вториот ред. Опремен е со автоматски врати, пет-зонска климатизација, масажа и вентилација на предните седишта, како и систем „Адаптив круз асист плус“ (Adaptive Cruise Assist Plus), којшто на автопатите во Германија, САД и Канада, каде што е одобрено, овозможува возење без раце на воланот при брзина до 130 километри на час. Моделот има и најголем панорамски стаклен покрив досега вграден во возило на „Ауди“.

Поврзани вести