Денес е светски ден на прегратката, 21 јануари е прогласен како неофицијален празник уште од 1986 година во САД.
Овој дадум е избран поради тоа што се наоѓа помеѓу католичките празници Божиќ и Св. Валентин и се сметало дека помеѓу овие периоди луѓето се подепресивни и емотивни.
Инаку од психолошки аспект, прегратките се важни за луѓето бидејќи гушкањето го ослободува хормонот окситоцин, познат како „хормон на љубовта“, кој помага да се намали стресот, анксиозноста и чувството на осаменост.
Меѓу другото физичкиот контакт за време на прегратка го намалува нивото на кортизол (хормон на стрес), го стабилизира крвниот притисок и го подобрува имунолошкиот систем.