Skip to main content

Сакаме да ги подложиме функционирите кои ги злоупотребуваат службените возила приватно на кавна критика и одговорност, вели Томовски

Во емисијата „360 Степени“ на телевизија МРТ1, гостуваше директорот на СОРЗ и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски кој зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за унифицирањето на службените возила, со тоа што истите ќе добијат соодветни таблици со кои ќе се разликуваат од останатите, а сето тоа како мерка за ограничување на нивната злоупотреба за приватни цели.

Токму така јас во разговор со премиерот Христијан Мицкоски, договоривме дека сакаме сите службени општински и државни возила во државата да ги обележиме со соодветни таблици со тоа би ја искорениле целосно злоупотребата на тие возила и јас на една од владините седници по моја препорака се формира работна група од неколку министерства, отпочнавме неколку работни состаноци утврдивме дека онаа наша прва цел која што ја имаме зацртано, регистар на возила и таблици специјални за возила дека мораме да ги тераме како два одделни процеси но паралелно, бидејќи софтверско решение регистарот и којшто бара повеќе финансиски средства, бара повеќе време, повеќе работа, додека таблиците е пократок период, вели Томовски.

Томовски стави акцент на тоа дека веќе е отпочната процедурата со одржување на неколку состаноци на кои е изготвен Правилник, при што потенцираше дека тој е веќе одобрен и потпишан од страна на министерот за внатрешни работи и смета дека целиот тој процес ќе оди непречено се со една цел да се стави крај на злоупотребата на службените возила, со тоа што ќе бидат соодветно обележани со препознатливи регистарски таблички.

Односно практично ги решаваме како што се решени такси компаниите со правилник ние го изготвивме тој правилник го дадовме на мислење на Влада одобрен е потпишан е од страна на министерот Панче Тошковски предаден е во Секретаријат за законодавство, чекаме да се произнесат да дадат позитивно, негативно мислење или некаква забелешка, очекувам дека тоа брзо ќе оди после тоа некој период останува да се направи некаква јавна набавка за набавка на боите како што кажавте вие таблиците ќе бидат црвено жолти ќе ги покажам јас сега во јавност и тоа не очекувам да трае подолго време таа тендерска документација после тоа ќе дадеме задолжување со заклучок на Влада до сите институции во државата со временски период од триесет дена да ги променат тие таблици, рече Томовски.

Директорот на СОРЗ, Томовски исто така образложи дека ќе биде овозможено граѓаните да пријавуваат на јавно дадени телефонски броеви можни злоупотреби на службените возила, така што по таа основа би можело соодветно да се постапи, и дека е цврсто убеден во тоа да никој од носителите на јавни функции не би сакал да биде критикуван од страна на граѓаните.

Она што го планираме да го направиме е не само да се постават таблиците на возилата ќе објавиме јавно телефонски броеви каде што граѓаните практично ќе можат да пријават злоупотреба на вакви возила кои ќе бидат обележани и да можат доколку не одговори никој на тие телефонски броеви да прати по емаил адреса злоупотреба и после тоа соодветно да се постапи. Првенствено она што сакаме да го постигнеме е да подлежи на јавна критика, јас убеден сум дека ниту еден функционер ниту еден човек којшто води одредена институција не би сакал да биде критикуван во јавност, истакна Томовски.

Поврзани вести