Претседателот на Русија, Владимир Путин, порача дека Русија му честита на Доналд Трамп за преземањето на функцијата претсдател на САД. Путин додаде дека Русија е подготвена за дијалог со САД, но дека ќе се бори за интересите на рускиот народ.
Отворени сме за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт. Овде најважно е да се елиминираат основните причини за кризата. Што се однесува до самата разрешница на ситуацијата, сакам повторно да нагласам: неговата цел не треба да биде краткотрајно примирје, не некаков одмор за прегрупирање на силите и повторно вооружување со цел последователно продолжување на конфликтот, туку долгорочна мировна основа за почитување на легитимните интереси на сите луѓе, на сите народи кои живеат во овој регион“, изјави Путин, кој преку видео врска одржа оперативен состанок со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.
На состанокот се разговарало за меѓународни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата на Блискиот Исток и Украина, како и за иднината на руско-американските односи.