Сообраќајот на патниот правец од Средно Водно до Св. Пантелејмон од 11 часот е нормализиран, информираат од ЈП Македонијапат.
Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираше да не се користи поради голомразица.
На овој потег, како што рекоа од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска требало да биде испратена машина за интервенира.
Од ЈП Македонијапат информираат и дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.