Skip to main content

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури и да го кршат Меморандумот за разбирање

X / Seyed Abbas Araghchi
X / Seyed Abbas Araghchi

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи.

Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и Турција, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди и Хакан Фидан, со кои разговараше за најновите случувања во регионот, особено за ситуацијата во Ормуската Теснина, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.

Соговорниците ја нагласија потребата од користење дипломатски канали за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот, се додава во соопштението.

Два дена наназад Иран и САД разменуваат воздушни и ракетни напади, иако минатиот месец постигнаа Меморандум за разбирање, пренесуваат британските медиуми.

Поврзани вести