Почетокот на работната седмица Народниот Театар од Битола го започнува со драмата „Ако останеш дома“, инспирирана од оригиналот на Карој Сакони. Претставата носи емотивна и драматична приказна која ќе ве внесе во интима на двајца протагонисти — ЖЕНАТА и МАЖОТ, маестрално оживеани од Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски.
Под раководство на режисерот Јован Ристовски, со сценографија на Валентин Светозарев и костимографија на Благој Мицевски, претставата ветува автентично и впечатливо искуство.
Дизајн на плакат: Димитар Ристовски
Светло-мајстор: Горан Петровски
Тон-мајстор: Никола Терзиевски
Инспициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Мирјана Христовска
Фотограф: Кети Талевска
Влезници онлајн на : https://narodenteatarbitola.com/events/ako-ostanesh-doma-2/ и на билетарата на театарот.
Претставата почнува во 20:00 часот.