
Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.
Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намалат оној убедлив пораз којшто им следува на следните парламентарни избори.Венко Заев се плаши од народот и сега, откако претходно го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат.
Затоа Венко Заев и СДС одат директно против македонската дијаспора и нејзиното гласачко право.
Од друга страна, Апасиев и Левица алчни за пари, иако претходно им беа прифатени сите нивни барања да бидат внесени во новиот Изборен законик, а тие се однесуваа стриктно само на тоа да добијат што повеќе пари како политичка партија, истите денес го блокираат Законот.
Апасиев и Левица сакајќи да глумат тврдокорни пред своето мало гласачко тело, рекоа дека нема да се потпишат за носење на новиот Изборен законик, а притоа ќе повториме дека сите нивни барања беа прифатени, а се однесуваа стриктно на поголема финансиска можност во делот на финансирање на нивните кампањи.
Алармот се вклучи токму кога Венко Заев и Апасиев сфатија дека рејтинзите им одат надолу, па заеднички здружено поднесуваат десетици илјади амандмани, со цел да си создадат алиби за поразот на следните избори.ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои со отворен предлог да ги повлечат амандманите, да поднесат амандмани за начинот на гласање и за начинот за поднесување на преговори, а тие да ја поддржат дијаспората да гласа по електронски пат на следните претседателски избори, со кои како држава ќе заштедиме огромна сума на пари

Македонски


