Skip to main content

Шасивари, Ферати и Сулејмани новите министри од Вледи

По синоќешната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат, како што велат од партијата, личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав, како што соопштија од ВРЕДИ, продолжуваат да ги извршуваат своите функции: Беким Сали – како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши – како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа – како министер за животна средина и просторно планирање.