
Европската Унија и Велика Британија ќе го преиспитаат одржувањето на самитот што беше закажан во Брисел, по оставката на британскиот премиер Кир Стармер, соопшти Европската комисија.
По објавувањето на оставката на премиерот Кир Стармер, заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе го преиспитаме одржувањето на самитот што беше најавен минатата недела и ќе донесеме соодветна одлука – изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.
Таа нагласи дека односите на Унијата со Велика Британија се и ќе останат силни.
Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му оддаде признание на Стармер за неговиот ангажман.
За две години станавте државник – нешто за што на некои лидери им се потребни многу повеќе години. Благодарение на Вас, се зајакна безбедноста на Европа и на Украина“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“.

Македонски



