
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ на Горан Столевски.
22 јуни | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен.
ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ – Горан Столевски
Дина е принудена да ги одгледува двете ќерки на својата партнерка, иако никогаш не тежнеела да биде мајка. Како што се судираат нивните индивидуални волји, се појавува трогателна приказна за борбата на едно необично семејство да остане заедно.
Домаќинство за почетници е македонски драмски филм од 2023 г., напишан, режиран и монтиран од Горан Столевски.
Во главните улоги настапуваат Анамарија Мартинка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Мија Мустафа и Џада Селим.
Филмот е меѓународно копроизводство помеѓу Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Полска, Австралија и САД.

Македонски



