Skip to main content

„Време на бетон“ по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски со награда за најдобар документарен филм на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм

„Време на бетон“ со награда за НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм.

„Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Режисер на филмот е Игор Иванов. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.

Поврзани вести