Skip to main content

Попладне доаѓа невреме, алармира УХМР

Управата за хидрометеоролошки работи објави метео аларм за денеска попладне. Според прогнозата во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и невреме со појава на град.

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.

Во деновите од викендот времето ќе се задржи посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Поврзани вести