
60-годишен тетовец пријавил дека вчера бил физички нападнат од неговиот син во угостителски објект во Тетово.
Од МВР информираат дека синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од таму.

Македонски



