Skip to main content

Во шест часа шестмина моторџии фатени кај што поминуваат на црвено

МВР

Вчера од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и пропис, соопшти МВР.

Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем (кацига), девет мерки за несоодветна категорија, четири мерки за нерегистрирани мотоцикли, шест мерки за поминување на црвено светло, седум мерки за незастанување на даден знак и др. Во акциската контрола констатирано е едно кривично дело „безобѕирно управување возило” по чл.297а од КЗ и привремено е одземено едно возило поради сомнение за техничка неисправност (бучава).

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Поврзани вести