
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година го продолжува својот традиционален летен карван на книгата. Карванот на книгата на МАИ во 2026 година почнува од првата станица: Прилеп.
Од 8 до 11 јуни 2026, од 10 до 21.00 часот, во галеријата на НУКЦ „Марко Цепенков“ шест издавачи членки на МАИ на прилепската читателска публика ќе ѝ ги понудат своите најнови и најпопуларни изданија по саемски цени.
На карванот ќе бидат присутни: „Полица“, Издавачкиот центар „Три, „Божилак“, „Бата прес“, „Мартина“ и „Светулка“.

Македонски


