Skip to main content

Почина Арсим Зеколи

Политичкиот аналитичар и колумнист, некогашен амбасадор на Македонија при ОБСЕ во Виена, Арсим Зеколи рано утрово ненадејно почина на 60-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.

Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026), се наведува во соопштението.

Исклучително речит и со карактеристичен стил на изразување, Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и коментатор на општествено-политичките процеси.